МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Боки е интересна фигурица, се мешаше во стајлингот, сведочеше бизнисмен, скаран со Јанева

Томе Главчев, сопственик на фирма од Гевгелија е третиот сведок кој денес зборуваше во случајот „Рекет“. Пред почетокот на секое сведочење судот им поставува прашања на сведоците дали се скарани или роднини со некои од обвинетите. Главчев е единствениот сведок кој децидно одговори: „Да, скаран сум со Катица Јанева“.

Во сведочењето тој не спомна дека му биле барани пари од Јанева или од Јовановски, туку зборуваше дека од сведок станал осомничен во случајот „Поштенска банка“. Пред судот рече дека нема да зборува за тоа зошто бил скаран со Катица, туку сакал да каже за третманот кој што го имал во СЈО и за тоа колку пари платил во телевизијата на Јовановски за реклама за обувки, односно кошули.   

„Се водеше предистражна постапка во СЈО, а потоа за ова од мене се бараа документи. Сакам да направам споредба дека за разлика од распитот кај вас (ѝ се обраќа на обвинителката Вилма Русковска) кој беше со човечки однос, во СЈО, кога ме испрашуваше обвинител доживеав трауми и изживувања. Во јуни 2018 година ме информираа дека од сведок сум станал осомничен. Изјава во СЈО дадов пред Бурим Рустеми, ми беше кажано дека станува збор за суета на обвинителката и ме советуваа да поднесам тужба. Јас го одбив тоа. Бев стражарно приведен со наредба за личен претрес и по куќа ми се шетаа со шмајзери. Беше тоа стресна ситуација“, рече сведокот Главчев.

Сведокот Томе Главчев

Во продолжение на сведочењето тој појасни дека во ниту еден момент Бојан не му побарал пари за случај на СЈО, туку тој го прашал за тоа што знае во врска со неговиот случај, бидејќи, како што рече, гледал фотографии од Јовановски со Катица. На ова добил подговор дека е колатерална штета во случајот „Поштенска банка“.

Бизнисменот Главчев пред судот појасни дека релацијата која што ја имал со Јовановски била за реклама за кошули која требало да чини, според неговите проценки, 50 илјади евра, но Јовановски му побарал сума од 100 илјади евра за реклама.

„Работиме со текстил, но тоа се повеќе машки кошули. Со Јовановски се догоиваравме да направиме некоја екстра реклама која ќе се однесува на женски кошули, но тоа да биде нешто помодерно, бидејќи жените се поспецифични. Потпишавме договор за сума од 100 илјади евра и прифатив бидејќи условите ми одговараа, односно 50 илјадаи евра да се исплатат пред рекламирањето, а останатата половина откако ќе заврши рекламирањето и ако се биде според договореното. Бев задоволен од рекламирањето, рекламата беше супер и си останавме на договорот. Боки е интересна фигурица и се мешаше во стајлингот, морам да признаам дека имаше познавања од тоа и знаеше да дојде кај нас во фирма за да го види начинот на кој ние работиме. Тоа е единствената комуникација која сум ја имал со него“, сведочеше Главчев.

За време на неговото сведочење изјавата и споменувањето на тоа дека бил скаран со Јанева, поранешната специјална обвинителка го дочека со насмевка.

Со овој сведок заврши денешното рочиште за „Рекет“, а следното судот го закажа за 27 декември.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial