Боинг со 347 патници се запали над Лос Анџелес

Авион „Боинг“ 777, на компанијата „Филипини ерлајнс“ се запали по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес.
На снимката објавена на друштвените мрежи се гледа како од авионот избива пламен од десниот мотор.
Боингот од Калифорнија полетал за Манила, а во тој момент во него имало 347 патници и 18 членови на екипажот. Еден час по полетувањето авионот се вратил и безбедно слетал на аеродромот.
Според првичните информации, до пожарот дошло поради механичка неисправност, а огнот први го забележале патниците.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: