Блинкен и Борел се кукавици зашто заминаа – Лавров ги обвини западните сили за влијание врз ОБСЕ
Блинкен и Борел постапија кукавички и тие си заминаа без да се соочат со мене, а секој обид да се прикаже дека ме игнорираат не им успева бидејќи јас бев тука на отворањето пиев македонско вино а нив ги нема. Ова го истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на утринската прес конференција одржана пред и официјалното затворање на Конференцијата на ОБСЕ која денеска го имаше последниот ден.
„Блинкен замина и Борел си замина. Зошто тоа се случи? Веројатно тие веруваат дека на тој начин ќе ја покажат нивната намера за изолација на Русија. Но јас мислам дека тие едноставно постапија кукавички. Се исплашија од секаков искрен разговор поткрепен со факти“, порача Лавров.Лавров испрати порака дека Западот е тој кој што има влијание врз самата организација и ја презентираат само нивната вистина. Во тој контекст беше и неговата изјава за мотото на Конференцијата кој иако рече дека се согласува со слоганот кој што Османи го поставил за претседавањето со ОБСЕ „За луѓето се работи“ сепак вели дека во оваа насока не се работи еднакво за сите луѓе, туку тоа е насочено кон оние за кои што Западот има интерес.
„Македонскиот претседавач промовираше многу добар слоган „Се работи за луѓето“, но сепак вчера за време на мојот работен ручек им кажав на колегите еден факт. Верувам дека се работи за луѓето, мислам на сите луѓе, сите граѓани на нашите држави во ОБСЕ, дури и на оние кои не се дел како Латвија и Естонија, но изгледа дека тие се грижат за одредени луѓе кои моментално раководат со структурите на ОБСЕ. Барем ова можеме да го заклучиме од нервозните реакции на нашите западни колеги“, вели Лавров.Во однос на состојбите на Балканот Лавров обвини дека западните сили ги подбуцнуваат државите на регионот за тој да не биде стабилен. Беше прашан и како го оценува она што Бугарија и го прави на Македонија.
„Македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија – Бугарија, туку и другите балкански проблеми, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, вели Сергеј Лавров.