Нова страница за информации

Белата куќа загрижена за состојбата на Трамп, тој вели: „Мислам дека оди на добро, ве сакам“

Белата куќа е многу загрижена за здравствената состојба на претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесуваат американските медиуми, а претседателот се огласи на „Твитер“.

Еден од советниците на Трамп изјавил дека постои причина зошто состојбата на претседателот е загрижувачка, наведе новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста.

Од друга страна, Трамп вели дека е на добар пат да задраве.

„Мислам дека оди на добро. Ви благодарам на сите. Ве сакам”, напиша Трамп.

Извор за Си-Ен-Ен вели дека Трамп е многу уморен и оти има проблеми со дишењето. Официјален претставник на Белата куќа, пак, изјавил дека Трамп е уморен, но неговата состојба не се влошува и тој  ја сфаќа многу сериозно.

Претседателот беше префрлен синоќа во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“. Трамп, кој е заразен со коронавирус, ќе работи од таму во следните неколку дена, се вели во соопштението на Белата куќа.

Претходно беше пријавено дека има температура и кашлица.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial