МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Баш пред избори, Трамп тврди дека Америка ќе има вакцина за четири недели

Некои службеници од јавното здравство апелираат на претпазливост заради поради забрзаната постапка.

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека САД би можеле да имаат вакцина за три до четири недели, додека некои амаерикански службеници од јавното здравство апелираат на претпазливост поради забрзаната постапка.

Трамп, говорејќи за „Еј-Би-СИ“, ја бранел својата улога во одговорот на коронавирусот и рекол дека вакцината ќе биде подготвена за дистрибуција до претседателските избори на 3 ноември.

-Многу сме близу до добивање на вакцина, рекол тој.

-Доколку сакате да ја знаете вистината, на претходната администрација можеби би и требале години да завијат вакцина заради Агенцијата за лекови и сите одобренија. Ние добиваме вакцина за неколку недели. Би можеле да бидат три недели, четири недели- изјавил Трамп.

Исто така тој ги бранел Американците кои се противат на носењето на маски и рекол дека и експерти како Фаучи го менувале своето мислење за таа проблематика во време на кризата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial