МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Алтернатива му се „заблагодари“ на Мицкоски за „номинацијата“ на Гаши: Ние сме дел од еден друг процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција изјави дека на ДУИ и Али Ахмети им предлага преку најмалку 61 пратенички потпис да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада

Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, да биде мандатар за состав на преодна влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски да формира нова политичка влада , за Алтернатива е неприфатлив од причина што, како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес.

„Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго“,

изјавија од Алтернатива.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција, изјави дека на ДУИ и на Али Ахмети им предлага, преку најмалку 61 пратенички потпис, да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, да биде мандатар за состав на преодна влада, која би се формирала најдоцна во март за најдоцна во јуни да има предвремени парламентарни избори.

Од ДУИ му возвратија дека ќе може да предлага мандатар кога ќе победи на парламентарни избори.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ, во момент кога ќе го добие мандатот на парламентарни избори предложи Албанец за премиер, наместо господинот Мицкоски, ние ќе го поддржиме,“

изјави првиот вицепремиер Артан Груби.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial