172 пациенти оздравеа, регистрирани 78 нови случаи на ковид-19, починаа 5 лица
Министерството за здравство денеска информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Штип-17, Тетово-9, Гостивар-5, Куманово-4, по еден во Битола, Охрид, Крива Паланка, Кочани, Дебар и Виница, во Струга и Пробиштип-3 и во Свети Николе 5 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица, од кои во: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот вирусот е докажан пост-мортем. Во болницата во Струга е починат пациент на 86 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.579. Од нив најмногу се во Скопје 1.960, во Тетово 391 и во Куманово 194. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамки на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле има 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани има 122 пациента. На респираторна машина се 3. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во Штип 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар има на лекување 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.