МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

127 новозаразени со коронавирус, пет пациенти починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61г), пациент од Штип (81г) и двајца пациенти од Гостивар (76г и 81г) и еден пациент од Прилеп (53г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998,  бројката на оздравени пациенти е 12149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2235. 

Направените 1574 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-184,  Биотек-271, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Систина со PCR метода -288, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-14, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial