Џафери: Не можам прецизно да кажам кога ќе биде изменет Законот за попис, има процедури кои мора да се поминат
Талат Џафери, претседателот на Собранието одржа прес-конференција после средба со координаторите во Парламентот.
Тој не можеше да одговори прецизно дали денеска ќе бидат завршени измените во Законот за попис, со кој ќе биде одложен пописот.
„Самите договарачи кажаа дека можеби е грешка што не сум бил и јас присутен на тие разговори. Последиците на тајмингот не е одговорност на Собранието. Затоа што кажав и на почетокот, секоја одлука, неспорна каква и да е, и сум кажал дека е погрешна одлука на тој начин на преговори, следствено треба да се следи со процедурите на Собранието. Не можеме да работиме по партиски договори“, рече Џафери кој рече како оди процедурата:
„Законот ќе дојде денеска тука, и ќе се изгласа од потребата од скратена постапка, и оди на Комисија. Јас не можам да излезам однапред и да кажам дека Комисијата ќе се одржи за еден час, и дека ќе добијам извештај и во тек на денот ќе продолжам со седницата. Според предлогот со европско знаме, оди на комисија за европски прашања, со оглед дека и основниот закон е така донесен.“, изјави претседателот на Собранието.