МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЏАФЕРИ: ДО 17 ТИ ЈАНУАРИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГЛАСА НОВАТА ВЛАДА

Контурите на новата Влада исцртани до средината на јануари- претседателот на Собранието, Талат Џафери е оптимист дека на 17 јануари новиот владин кабинет ќе ги преземе функциите . Откако утре, шефот на државата Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Димитар Ковачевски, тој ќе треба да го екипира владиниот состав со неговите избраници и да го достави до Законодавниот дом, заедно со програмата за како ќе функционираат во наредните две ипол години. 

„Според првичните информации, утре би требало да биде Денот Д за давање мандат на новиот мандатар, кој веќе е определен, тоа е претседателот на СДСМ. Од тој момент со давање на мандатот претседателот на државата според член 210 од Деловникот треба да го извести претседателот на Собранието за давање на мандатот за да почнат роковите во Собранието, да се пребројат, да се бројат роковите. Значи и за нас, а и за мандаторот. Мандатарот во рок од 20 дена од приемот на мандатот, значи не подоцна од 20-тиот ден од приемот на мандатот, треба да излезе пред Собранието со предлог персонален состав на новата влада и програма за работа на владата.“ – изјави Џафери.

Откако мандаторот ќе го достави предлогот, започнува да тече нов рок од 15 дена во кој треба да се свика седница да се гласа за новата Влада. Седницата трае два дена, а вториот ден пред полноќ треба да биде изгласана. Џафери очекува од новиот мандатар дека нема да оди до крајните рокови.

„Очекувам некаде 10-11 да добијам предлог состав на владата и програма и врз основа на консултации со пратеничките групи кои се во Собранието, да се определи датум за одржување седницата. Најверојанто тоа ќе биде 15-16 јануари, односно ако се добие предлогот на 10-11, 15-16 да се одржи дебата два дена, вториот ден на 16, пред 24 часот да се изгласа новата влада, која на 17 изутрината би ги презела функциите во министерствата, односно во владата како тим со мандати и со сите овластувања коишто произлегуваат од одлуката со избор.“ – изјави Џафери.

Новиот состав на Илинденска број 2 што ќе го предложи Димитар Ковачевски ќе треба да ја има поддршката од мнозинството пратеници, за да започне со работа од јануари. Џафери е дециден дека ќе ја имаат поддршката од 64 пратеници.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial