Нова страница за информации

Ѓукановиќ објави кој ќе биде мандатар на новата Влада на Црна Гора

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, најави дека ќе му предложи на црногорскиот парламент мандатар за состав на новата влада да биде Здравко Кривокапиќ, водачот на просрпската коалиција ,,За иднината на Црна Гора”.

Ѓукановиќ претходно имал консултации со лидерите на трите коалиции кои освоија мнозинство на парламентарните избори одржани на крајот на август, Здравко Кривокапиќ, Алекс Бечиќ и Дритон Абазовиќ.

“Имав консултации. Предлогот ќе го испратам до собранието. Го потврдив договорот потпишан од претставниците на трите коалиции. Изборниот процес и преминот на власта е потврда за успехот на политиката во претходниот период. Градењето на институциите и владеењето на правото е најдобриот начин за надминување на поделбите”. изјави по консултациите Ѓукановиќ на прес конференција.

Тој посочи дека Црна Гора е единствената република на поранешна Југославија каде немало војни и потсети дека за време на 30-годишното владеење на неговата Демократска партија на социјалистите, таа земја ја врати својата независност и стана членка на НАТО.

“Партиите што досега не биле на власт ќе бидат. Не смееме да дозволиме ниту една влада да ги загрози виталните интереси на Црна Гора. Претходната влада направи квалитетни потези. Се надевам дека новата влада ќе продолжи да работи на создавање услови за привлекување странски инвестиции”, рече Ѓукановиќ.

Обраќајќи се на прес конференцијата, Здравко Кривокапиќ рече дека ќе му понуди на црногорскиот парламент предлог за нова влада до 8-ми ноември и дека верува оти денес е уште еден ден за победа на демократијата.

“Секој треба да знае дека победата на народот е официјализирана. Ова е само уште еден доказ за подобрување на политичката култура. Имавме отворен, јасен, конкретен одговор од г-динот претседател Ѓукановиќ. Тој можеше да направи други комбинаторики со своите овластувања”, рече Кривокапиќ.

Тој посочи дека ќе ги повтори повиците до сите партии на националните малцинства во Црна Гора да учествуваат во формирањето на владата и, како што рече, да придонесат.

„Ова не е работа на коалицијата што ја претставувам, но сите заедно, најважно за нас е иднината на Црна Гора да биде поинаква“, рече Кривокапиќ.

Претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бешиќ рече дека тоа било значајна средба во интерес на сите граѓани и дека како претседател на црногорскиот парламент со нетрпение го очекува составот на владата, додека лидерот на Црно-белата платформа Дритан Абазовиќ рече дека денес е доказ дека црногорското „општество е позрело отколку што мислевме “.

“Граѓаните треба да бидат опуштени. Ни ветија дека нема да има опструкции. Не ни требаат расправии … Денес е голем ден за Црна Гора по историските промени. Без оглед на поделбите, можеме да излеземе. Сигурен сум дека новата влада ќе работи во интерес на граѓаните “, рече Абазовиќ.

Просрпската коалиција „За иднината на Црна Гора“, собрана со посредство на Српската православна црква по парламентарните избори, постигна постизборен договор за формирање влада со две граѓански коалиции „Мирот е наша нација“ и „Црно бело“,што ветија дека нема да ги променат симболите на Црна Гора, дека ќе ја задржи надворешно-политичката насока и дека нема да го покрене прашањето за поништување на признавањето на Косово.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial