МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Што ќе донесе посетата на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел на Македонија?

Првиот човек на европската дипломатија Жозеп Борел во посета на Македонија на средби со државно-политичкот врв.

Од канцеларијата на Европската Унија во Скопје соопштија дека високиот претставник за надворешни и безбедносни прашања, доаѓа во земјава со потврда дека останува посветеноста и поддршката за евроинтеграциите на регионот. Пред само два дена со пораки за европска заложба во регионот беше и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок која најави и дека официјален Берлин ќе испрати специјален претставник за Западен Балкан. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски оценува дека ваквите посети не гарантираат забрзан почеток на преговори за Македонија.

-Не знам дали би отишол дотаму да кажам дека ова гарантира некаква брза интеграција, но кризата во Украина секако го врти фокусот на вниманието на меѓународната заедница, и на САД и на ЕУ назад на Балканот. Како единствена жаришна точка надвор од Украина и Белорусија, која условно речено, делува како незавршена работа за ЕУ на Балканот. Таквото внимание не може да ги успори интеграциите, може само да ги забрза, бидејќи ќе ја истакне важноста на регионот за ЕУ, но не гарантира само по себе некаков забрзан курс.- Петар Арсовски – политички аналитичар.

Борел пристигнува во време на војната во Украина која е оценета како голема закана за безбедноста на континентот. Арсовски смета дека посетите на високите претставници на Македонија и соседството меѓудругото имаат и цел да испратат охрабрувачки пораки дека регионот не е заборавен од унијата, туку напротив, да се потенцира важноста за координираност да не се дозволат нови ескалации.

-Вие имате ситуација во Босна каде се уште Република Српска разговара за некакво одвојување, имате дебата за Косово во која предлогот за размена на територии се уште не е ад акта, имате неразрешена ситуација во Албанија и во Македонија виз-а-ви пристапните преговори и Србија која во моментов игра некаква неутрална карта. Така што, целиот Балкан почнувајќи од Македонија завршувајќи со Хрватска е некакво потенцијално жариште. Меѓутоа, мислам дека во овој момент се работи повеќе за политички пораки. -Петар Арсовски – политички аналитичар.

Според најавите, високиот претставник на ЕУ, Борел, по Скопје ќе отпатува и за Албанија и Босна и Херцеговина на средби со државно-политичкиот врв, како и посета на операцијата ЕУФОР Алтеа во Сараево.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial