Што се крие зад мистериозните самоубиства на руските лекари?
Коронавирусот сè уште го привлекува вниманието на светската јавност. Последниве денови посебен фокус е насочен кон Русија, но не толку поради сè поголемиот број инфицирани со ковид-19, туку поради инцидентите самоубиствата и обидите за самоубиство на тројца руски лекари.
Во период од 8 дена, од 24 април до 2 мај, тројца медицински работници скокнале од прозор. Двајца починаа, додека третиот се бори за живот со прелом на лобањата после падот од втор кат.
Овие случаи привлекоа големо внимание бидејќи сите тројца лекари отворено го критикуваа одговорот на државата на епидемијата на коронавирусот.
Но реалноста е сосема поинаква. Медицинските работници се жалат на недостаток на заштитна опрема, како и на тоа дека се на граница на силите бидејќи работат под притисок на управата која стравува да не ги изгуби привилегиите и статусот.
Смртта на Наталија Лебедева
Наталија Лебедева (48) почина по падот од шестиот кат на московската болница откако наводно е обвинета дека го проширила коронавирусот. Според зборовите на вработените во таа установа, Лебедева е поставеназа главна на приемите на пациентите заразени со ковид-19.
Меѓутоа, бројот на инфицираните се зголемил, па дури и докторката се заразила во текот на борбата со епидемијата. За несреќата да биде уште поголема, надлежните ја обвиниле Лебедова дека е одговорна што не успеала да се справи со коронавирусот, па се претпоставува дека тоа е причината што докторката одлучила да изврши самоубиство.
После Лебедева, се самоуби докторката Јелена Непомњашаја
Само еден ден откако се самоуби Наталија Лебедева, 47-годишната Јелена Непомњашаја, главен доктор во болницата во Краснојарск, скокнала од петтиот кат на болницата. Починала една недела подоцна од повредите добиени при падот.
Неименуван извор од болницата за медиумите рекол дека таа била добар раководител и дека сите ја сакале. Меѓутоа, наводно не се согласувала со планот на локалните власти заразените од коронавирус да се префрлуваат во тој објект и така да ја исполнат квотата на капацитетите за болни од ковид-19
„Болницата не беше подготвена за оваа промена. Имаше само еден респиратор и недоволно заштитен материјал за вработените. До нејзината смрт таа барала залихите да бидат пополнети“, рекол вработен од болницата кој сакал да остане анонимен.