Шпанија воведе строга забрана за движење, во битката против пирењето на коронавирусот
По рекордниот број на починати во изминатите 24 часа, властите во Шпанија донесоа одлука за целосен карантин.
Шпанија воведува строга забрана за движење, освен за лекарите, војската и полицијата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека забраната за движење ќе трае две недели, оваа забрана се воведува поради енормниот број на починати и заразени со коронавирус во земјата.
-Најважно е да се намали бројот на луѓе во болниците и да се спречи ширењето на вирусот. Ковид -19 брутално не удира, време е да ја засилиме одбраната, изјави во телевизиското обраќање премиерот Санчез.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: