МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ШИРОКА КОАЛИЦИЈА ЗА МИР ВО КУЌА: Македонија ќе добие ротационен премиер?!

Додека едни одмораат други прават постизборни калкулации и можни коалиции за состав на новата влада. Од сите политички табори се согласни дека ќе треба добро да се испотат додека најдат заеднички јазик. Во јавноста се шпекулира со повеќе варијанти за тоа кој со кого би коалицирал и кој би бил мандатар на новата влада. Шпекулациите одат дотаму дека е дури можна и коалиција меѓу двата најголеми ривали во македонскиот политички блок – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ДУИ, наводно, и натаму не отстапува од идејата со која и ги доби изборите за Албанец премиер.

Насер Зибери, кого ДУИ во кампањата го промовираше за прв премиер Албанец, вчера изјави дека Ахмети не ги затвора сите врати, но засега останува на позиција да биде нов мандатар.

– Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот на создавање на парламентарно мнозинство е резултат на преговори, меѓутоа неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции се Македонци. Ахмети смета дека треба да се урнат последните етнички бариери, а тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој, изјави Зибери.

За нас не е најважно дали ДУИ ќе биде дел од идната коалиција, за нас е важно дали ќе се валоризираат политичките определби за тоа што е наша аспирација, потенцира Зибери. Според него, можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево, би била најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата.

Извори од СДСМ за весникот ВЕЧЕР брифираат дека иако лидерот на партијата е на летен одмор, сепак течат преговорите околу составување на новата Влада.

Во меѓувреме, и порталот Алмакос објави дека ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада заедно. Во текстот објавен од Алмакос, се наведуваат детали од наводните комуникации со извори од двете партии.

Извори од ДУИ за Алмакос рекле дека нивното барање за прв премиер Албанец е само политички маркетинг. Според овој извор, за ДУИ било важно да биде дел од  Владата и без премиер Албанец, доколку не се чепнат неколку од управите кои би влијаеле на поделби во партијата.

Од друга страна, извори од СДСМ за Алмакос рекле дека ДУИ веќе ги започнала контактите за формирање на Владата и дека ги објавиле барањата во врска со формирање на новата Влада, а тоа се оваа партија да добие Министерството за финансии, гувернер на Народна Банка и Генералштабот.

Но, од друга страна, Арбен Таравари изјави дека Алијансата за Албанците сѐ уште немала контакт со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ за преговори околу составот на идната влада. Вели дека се подготвени за соработка со сите политички субјекти кои искрено ги делат истите стремежи, во интерес на државата и на граѓаните, посочувајќи ги како главен фокус владеењето на правото и евроинтегративните процеси. Но, Таравари е категоричен дека во новата влада ќе можат да се најдат во коалиција со ДУИ.

„Тоа е невозможна мисија. Нам не ни се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации. Впрочем, со чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место. Не сакаме да создаваме хибрид кој нема да функционира ниту, пак, мислиме дека треба да дозволиме нашата партија да се претопи во сојуз со субјектот којшто е целосно дегенериран и чие досегашно дејствување и последици ќе се чувствуваат со генерации. И пак ќе повторам, нашата цел е да учествуваме во развојот на ова општество, а не во неговото уназадување“, вели Таравари.

Комуникологот Џелал Незири, за медиумите изјави дека Ахмети повеќе би сакал коалиција со СДСМ, а ако СДСМ и ДУИ не успеат да создадат влада, тогаш веројатно мандатот ќе премине на втората партија.

-Дали ВМРО и ДУИ би успеале, дали ВМРО ќе може со другите албански партии плус Левица и ДПА да се договори… ќе видиме. Ќе има многу преговарање, затоа велам целиот процес ќе трае подолго, вели Незири.

Тој вели дека не се исклучува можноста не само со ВМРО туку и со СДСМ, ДУИ да издејствува макар и една година премиер со ротација, односно три години да биде од СДСМ, па една од ДУИ или со ВМРО.

„Не се исклучува можноста не само со ВМРО туку и со СДСМ, ДУИ да издејствува макар и една година премиер со ротација, односно три години да биде од СДСМ, па една од ДУИ или со ВМРО. Не се откажува Ахмети од таа симболика. Така што сите можни решенија и договори се на маса, а дали на крај ќе испадне дека ниту СДСМ ниту ВМРО нема да можат да состават влада, па Зибери да го однесе мандатот. И тоа е една варијанта, но не верувам дека е возможно. Сепак мислам дека и во овој процес не успеат да се договорат клучните играчи, ни следува политичка криза среде здравствена, што не е добро за државата, така што мислам дека меѓународниот фактор може да има клучна улога“, вели Незири.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial