МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Четвртиот пакет мерки во недела

Четвртиот пакет економски мерки ќе биде објавен во недела попладне, тврди премиерот Зоран Заев. Денеска и утре треба да се донесат конечните одлуки кој и колку треба да добие државна помош. Владата е во завршни преговори со работодавачите и синдикатот. Премиерот ја потврди информацијата која веќе ја објави Алсат дека најпогодените сектори, освен поддршка од по 14.500 денари по вработен, до крајот на годинава ќе добиваат и пари за покривање на придонесите.

„Намерата е минималниот пакет да биде минимална плата. До 30 отсто право на аплицирање, како расте погоденоста на секторот, на компанијата, така ќе расте и целиот дел на помошта и ќе дојде до бруто-минимална плата, за тие што се над 80 отсто“, рече Заев.

Но, премиерот не кажа колку ќе тежи новиот пакет мерки за помош од пандемијата. Дел од мерките ќе ги носи Владата, а дел треба да помине и преку закони во Собранието бидејќи повеќе не се носат одлуки како во вонредната состојба. Околу барањето на бизнисмените за поддршка на стопанството и субвенции на платите до март следната година, премиерот вели дека мерките ќе се кројат согласно рамките на буџетската година.

Од крајот на декември, доколку е потребно, Заев најави дека ќе се работи на нови мерки кои ќе важат за првиот квартал од идната година. Веќе се знае дека освен минимална помош за работниците, ќе се делат платежни картички за одредени категории граѓани и нови бескаматни кредити за компаниите.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial