МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Четворица пациенти со ковид починаа во Штип, а двајца во Велес

Четворица пациенти починаа на Инфективното одделение во штипска Клиничка болница. Директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев, за МИА вели дека од коронавирусот починати се тројца пациенти, од кои 52 годишен од Кочани и 68 и 71 годишен од радовишкиот регион. Четвртиот пациент битката со вирусот ја изгубил како сомнителен случај.

Попладнево почина и заменик – народниот правобранител во Штип, но ќе се евидентира во утрешниот здравствен билтен.

Вчерапопладне и утрово во велешката болница од Ковид починаа двајца пациенти. Вчера попладне починала една 68-годишна жена од село Виничани, која била примена претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација. Утринава починал и маж од Велес исто на 68 години примен пред три дена со нагло влошена состојба.

Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial