Чедомир Јовановиќ приклучен на кислородна поддршка?
На лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, како што наведуваат српските медиуми, му била влошена состојбата и е префрлен во друга болница.
Јовановиќ пред неколку дена беше примен во болница заради воспаление на белите дробови, беше потврдено од неговата партија ЛДП.
Според денешните пишувања на медиумите, неговата состојба е влошена и тој се наоѓа во дел во болницата во кој се пациенти приклучени на кислородна поддршка. Тој е наводно префрлен во Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Србија и здравствената состојба му е влошена.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: