Цената на Brent порасна: Достигна ниво од почетокот на март
Цената на фјучерсите за северноморската нафта Brent за испораки во август 2020 година на лондонската берза ICE се зголеми за 1,7 проценти.
Со ова зголемување, цената на нафтата од Северното Море достигна цена од 43,02 долари за барел, покажуваат податоците на берзата.
Последен пат цената на оваа нафта беше повисока од 43 долари за барел на 6 март оваа година.
Суровата нафта VTI се тргуваше по цена од 40,22 долари за барел, што е за 1,7 проценти повеќе во однос на претходното затворање на берзата.
Министрите на земјите од ОПЕК плус на онлајн состанокот на 6 јуни се согласија да го продолжат највисокото ниво на намалување на производството на нафта за уште еден месец, односно до крајот на јули. И покрај невидените ограничувања, Русија и Саудиска Арабија инсистираат сите членови на алијансата целосно да го почитуваат договорот.