МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Цел Балкан нагрна во Србија по вакцини

Илјадници баратели на вакцини од земјите-соседи на Србија нагрнаа во Белград и Ниш во саботата откако српските власти им понудија на странците бесплатни дози против коронавирусот доколку се појават за време на викендот.

Долги редици Босанци, Црногорци и Македонци – честопати цели семејства – се формираа пред главниот центар за вакцинација во српскиот главен град додека полицијата надгледуваше.

„Ние немаме вакцини. Дојдов овде да се вакцинирам“, рече Живко Трајковски од Македонија, пренесува Индипендент. „Ние сме многу благодарни затоа што можеме да вакцинираме побрзо отколку во Македонија“.

Зоран Дедиќ од Босна истакна дека неговата земја и Србија биле дел од заедничката федерација пред Југославија да се распадне во војната во 90-тите години на минатиот век. „Не прави никаква разлика, Босна или Србија. Не е важно“, рече тој.

Повеќето балкански соседи на Србија се борат со недостиг и едвај ја покренуваат масовната вакцинација, додека Србија може да се пофали дека има многу залихи и една од највисоките стапки на вакцинација по жител во Европа.

Српската влада донираше дози на вакцини во Македонија, Црна Гора и Босна.

Критичарите на популистичкиот српски претседател Александар Вучиќ тврдат дека тој се обидува да го рашири своето влијание на Балканот и да го исполира ултранационалистичкиот имиџ што го стекна за време на крвавиот распад на Југославија.

Други велат дека дозите од вакцините на „Астра зенека“ што Србија им ги дава на странците се близу до датумот на истекување и треба да се користат што е можно побрзо, тврдење што не може да се потврди.

Босанскиот портал Кликс опиша огромни колони автомобили на граничните премини со Србија во саботата наутро. Кликс објави дека босанските бизнисмени требало да добијат вакцина во саботата откако трговската комора на Србија им понудила 10.000 дози на своите колеги во регионот.

Србија има една од највисоките стапки на инокулација во Европа, главно благодарение на големите владини набавки на вакцината Синофарм од Кина и руската вакцина Спутник V. Земјата исто така користи вакцини развиени од Фајзер-Бајонтек и Оксфорд-Астра зенека.

Иако над 2 милиони луѓе во 7-милионската земја досега добиле барем една доза, Србија забележа голем пад на бројот на жители што се пријавиле за вакцина. Властите и лекарите ова го поврзуваат со сè погласното антиваксерско движење.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial