МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Хелсиншки комитет: Државата мора да го спречи робовладетелскиот однос на работодавачите во текстилната индустрија

Продолжување на работното време, укинување на празници за да немало дисконтинуитет во производството, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и небулозни закани за штрајк на работодавачи – се крајно недозволиви изјави и барања на сопствениците на фабрики – членови на текстилниот кластер.

Сметаме дека со самото искажување на ваквите ставови директно се удира на работничките права и на достоинството на текстилните работнички и работници – една од најзагрозените и најмалку платени групи во општеството. Со ова, самите работодавачи практично го признаваат досегашниот арогантен однос кон работниците и начинот на кој секојдневно ги третираат вработените во своите погони.

До Хелсиншкиот комитет, во 2019, заклучно со септември, се имаат обратено 1497 текстилни работнички од 60 конфекции од 12 различни градови. Дадени се 906 правни советувања и иницирани се 20 постапки за инспекциски надзор. Сепак, Државниот инспекторат за труд само во еден случај има утврдено неплатена работа на празник, а ниту еднаш нема утврдено неплатена прекувремена работа и/или прекувремена работа над законскиот минимум.

Уставно загарантираните права на работникот не смеат да бидат жртвувани во име на профитот на газдите. Очекуваме дека државата соодветно ќе одговори на ваквите барања и дека ќе ги заштити работниците од бескрупулозниот однос кон нив. Притоа, важно е да се спомне дека работодавачите во текстилната индустрија се дополнително привилегирани со субвенции од државата за исплата на минимална плата и дека уживаат други поволности во однос на извозот.

Во таква ситуација, државата не смее да дозволи газдите да ги третираат работниците како да се робови, наведуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial