Хаосот во Ереван нема крај: Демонстрантите го блокирале градот, полицијата реагира

Приврзаниците на опозицијата во Ереван ги блокирале централните улици и главните раскрсници, барајќи оставка од премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан.
Голем број на млади луѓе стојат на пешачки премин и пеат патриотски песни, додека некои од улиците се блокирани со автомобили.
Полицијата итно реагира и почнува со приведување на демонстрантите.
Нередите и протести во Ереван започнале во текот на ноќта на 10-ти ноември, откако премиерот на Ерменија, заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, потпишал договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах и предавање на неколку територии на Азербејџан.
Во Ерменија ова е сфатено како неоснована одлука за капитализација.