МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Франција: Правеле журка па се судриле со полицијата, момче остана без рака

Жестоки судири се случиле меѓу учесници на абава во Франција и полицијата која сеобидела да ги растера, затоа што поради заштита од Ковид-19, не се дозволени големи забави.

По судирот повредени се повеќемина, а едно момче остана без рака, јавуваат француските медиуми.

Повеќечасовно насилство избило откако 1.500 луѓе се опирале на епидемиолошките мерки за сузбивање на епидемијата од корона вирус за да осржат рејв журка на отворено во петок вечерта во гратчето Редон во Бретања.

Околу 400 полицајци дошле да интервенираат.

„Ситуацијата брзо излезе од контрола, луѓето фрлаа Молотови коктели и камења“, рече жупанот Емануел Бертие.

Нередите, во кои неколку луѓе се повредени, вклучително и пет полицајци и момче кое ја изгуби раката, траеле повеќе од седум часа.

Според Бертие, ситуацијата се смирила дури во саботата наутро, а обвинителството веднаш покренало истрага.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial