Нова страница за информации

Финска воведе забрана за летови од Македонија

4 авиони полни со патници позитивни на КОВИД19 беа доволна причина Финска целосно да ги суспендира сите летови кои во оваа земја доаѓаат од Македонија.
Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство.

За само 10 дена во 4 лета од Скопје во Турку пристигнале 60 патници кои при тестирањето биле позитивни на КОВИД19 по што Финска ја стави Македонија на листата земји со висок ризик.
Инаку Македонија веќе воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници од Косово кои транзитираат низ Македонија.

Инаку по подолг период земјава конечно се најде на дното во регионот според бројот на новодијагностицирани случаи.. Вчерашните 106 нови позитивни на КОВИД19 е третата најдобра слика во регионот имајќи предвид дека во земјите од опкружувањето вирусот повторно зема залет.

Најлоша, вчера беше состојбата во Босна и Херцеговина каде во последните 24 часа регистрирани се 340 нови случаи и 12 починати. По релативно мирното лето нов бран и во туристички ориентираните Хрватска и Грција.

Хрватските власти вчера детектираа 219 нови случаи а запишаа и двајца починати, додека Грците имаат 212 позитивни и 3 смртни случаи.

Албанија и Србија вчера имаа по 158 нови случаи а Бугарија 151 но и 8 починати.
Најпозитивни резултати вчера имаа Црна Гора и Словенија каде се регистрирани 43 односно 37 нови случаи без починати пациенти.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial