Нова страница за информации

Филипче: ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија ќе бидат завршени денеска или утре

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија, по што, како што рече, ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.

-Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод Светскиот ден на СИДА.

Автобуската несреќа се случи ноќта меѓу 22 и 23 ноември кога автобус на „Беса транс“ на враќање од Истанбул се запали на патот „Струма“ во близина на Софија.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial