МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој загинаа 26 лица.

„Како резултат на страшната трагедија, Украина вчера изгуби 26 вредни синови. Јас инсистирам да се расчистат причините за авионската несреќа и истрагата да биде објективна и непристрасна”, напиша Зеленски на Фејсбук.

Шефот на неговиот кабинет, Олег Татасров изјави дека претседателот наредил прекинување на летовите на сите воени транспортни авиони Ан-26 додека не се утврдат причините за несреќата во регионот Харков, пренесува Тасс.

Украинските власти како можни причини за авионската несреќа ги наведоа техничкиот дефект, грешката во екипажот, грешката во контролата на летот и несоодветното одржување на авионот.

Државната служба за безбедност објави дека авионот паднал пет минути откако командантот на екипажот побарал дозвола да слета откако левиот мотор престанал да работи.

„Според прелиминарните информации, кадетите немале контрола над леталото, но со нив командувал командантот на екипажот“, се вели во соопштението.

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион на североистокот на земјата, во регионот Карков, се искачи на 26 лица, откако почина еден од кадетите коишто ја преживеаја несреќата.

Кадетите на универзитетот Харков во воздухопловството изведувале тренинг лет. Снимките од местото на несреќата беа објавени на Интернет.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial