Турција следната година ќе троши повеќе пари за одбрана
Турција планира следната година да го зголеми буџетот за одбрана за пет
милијарди долари. Предлог-буџетот 2020 година предвидува за одбрана и
безбедност да се издвојат 23,9 милијарди долари за финансирање на сите
структури поврзани со одбраната и безбедноста. Владата во буџет за 2019
година издвои 18,8 милијарди долари за одбрана, но преку прилагодувања,
властите мораше да ги рефинансираат безбедносните сили со уште 3-4
проценти од оригиналната сума.
Турските власти велат дека зголемувањето на трошоците за одбрана е особено поврзано со воената операција на Турција во Сирија.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: