Трета среќа за Бугарија да формира влада, Радев им го додели мандатот на бугарските социјалисти.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ѝ го додели третиот мандат за формирање влада на лидерката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова,
Која се заблагодари за довербата и рече дека ќе направи сè што е во нејзина моќ да состави владин кабинет. Тој воедно ѝ подари букет цвеќе на Нинова, која денеска го слави својот 54. Роденден.
Инаку, ова е последната можност да се формира влада во рамките на 48-то народно собрание според бугарскиот устав откако пропаднаа првите два обиди за состав на редовен кабинет. Ниту ГЕРБ, ниту продолжуваме со промените не успеаја да обезбедат поддршка. Доколку не се формира влада, Бугарија по петти пат во последниве две години ќе оди на избори.