Нова страница за информации

Трамп со нова идеја: инјекции со дезинфицирачко средство против коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабри научниците да проверат дали во борба против коронавирусот ќе помогне на луѓето директно да им се вбризгува средство за дезинфекција. Според лекарите – ова е смртно опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа пред новинарите во Белата куќа изјави дека „би било интересно“ да се провери ваквата идеја – на луѓе директно да им се даваат инјекции со дезинфекциско средство заради уништување на опасниот вирус. Непосредно пред пресот на Трамп, еден владин експерт на конференција за медиумите објасни дека средства за дезинфекција брзо го уништуваат коронавирусотна пример на суви метални површини и на рачките на вратите.

„Постои ли некој начин да правиме такво нешто, преку инјекции или чистење… би било интересно тоа да се провери“, рече Трамп, со дополнување дека тоа сепак треба да им се препушти на лекарите, иако: „За мене тоа сепак звучи интересно“.

Според експертите, сапун, средствата за дезинфекција и за обелување предизвикуваат сигурно уништување на вирусот при надворешна примена, односно при миење раце и перење. Но, досега не постојат никакви проверено ефикасни медикаментиили техники кои можат да го уништат коронавирусот во инфицирани пациенти.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial