МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Техеран има одговор на праќањето на американски трупи: Сите земји од Заливот да се приклучат кон нашата коалиција

Иранскиот претседател Хасан Рохани најавил дека Иран ќе формира своја безбедносна коалиција во Персискиот залив и ќе ги повика другите земји да се приклучат, додека САД праќаат се повеќе и повеќе војници во Саудиска Арабија и предводат сопствена воена коалиција во регионот.

Рохани пред одењето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рекол дека Иран ќе ги повика сите поморски држави во Персискиот залив да се приклучат кон неговата коалиција за да “гарантираат безбедност во регионот”, пренесува “AP”. 

Според зборовите на Рохани, коалицијата е план за долгорочен мир во регионот.

Иницијативата на Рохани доаѓа насред зголемените тензии на Блискиот исток по серијата напади вклучувајќи го и оној на нафтеното постројување во Саудиска Арабија, за што САД го обвинуваат Иран, кој ги отфрла тие наводи.

Тој додал дека таа иницијатива, чии детали ќе ги претстави во Обединетите Нации, не е ограничена на безбедносни прашања, туку опфаќа и безбедносна соработка.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial