ССК: Зголемувањето на цените на енергенсите ќе доведат до ценовни шокови и реперкусии и по кризата

Зголемувањето на цените на енергенсите ќе доведат до ценовни шокови и реперкусии и по кризата, алармираат од Сојузот на Стопански комори.
Претседателката Данела Арсовска во телефонски разговор за Канал 5 вели дека со зголемувањето на акцизата на горивата, ќе се оптоварат граѓаните и стопанството во време кога им треба безусловна помош.
Сепак за министерството за финансии предлогот на најголемата комора е прифатлив и оправдан. Вчера првата финансиерка Нина Ангеловска кажа оти веќе се подготвува Уредба и ќе настојува да биде прифатена.
Акцизата последен пат беше покачена во 2017тата година за 3 денари. Тогашниот министер за финансии ја правдаше одлуката дека целта била да се намали употребата на дизел горивата, а со тоа и енормното загадување.