Срцето на терористичката инфраструктура – мета на израелската војска: Војната против Хамас влегува во нова фаза
epaselect epa10910407 Smoke rises following an Israeli air strike on Gaza City, 09 October 2023. More than 700 Israelis were killed and over 2,000 were injured since the Islamist movement Hamas carried out an unprecedented attack on southern Israel on 07 October, the Israeli army said. According to Palestinian officials, more than 700 people were killed and nearly 4,000 were injured as a result of Israel’s retaliatory raids and air strikes in the Palestinian enclave. EPA-EFE/MOHAMMED SABER
Борците на Хамас беа „елиминирани“ со напади на авиони и тенкови, со помош на инженери кои урнаа тунел во комплексот. Израелските сили урнаа неколку станбени блокови во областа Шејаја, каде што девет војници на ИДФ беа убиени претходно оваа недела. Израелската војска ја гаѓаше „терористичката инфраструктура во срцето на Кан Јунис“, уништувајќи складиште со оружје и неколку возила пронајдени во тунелот, кои беа користени во нападот на 7 октомври.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека војната во Газа ќе влезе во нова фаза фокусирана на прецизно таргетирање на раководството на Хамас и операциите предводени од разузнавањето.
Саливан нагласи дека ќе бидат потребни месеци за Израел да ги постигне своите воени цели, но дека борбите ќе продолжат во фази. Саливан ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот Брег, каде теми на разговор ќе бидат промовирање на стабилноста и поддршка на напорите на палестинската управа во борбата против тероризмот.
Израел е под притисок на меѓународната заедница да го намали бројот на цивилни жртви во Газа, каде што досега се убиени речиси 19.000 палестински цивили.
Израелската армија ги пронајде телата на двајца свои војници, Ник Бејзер и Рон Шерман, кои беа заложници на Хамас. Бајзер, кој работеше на издавање дозволи и минување на стоки преку преминот Ерез во Газа, беше заробен на 7 октомври за време на нападот на Хамас врз базата. Шерман бил во воена база во близина на границата со Газа кога Хамас ја нападнал базата. Исто така, ИДФ го откри телото на цивилот Елиа Толедан, кој беше киднапиран од Хамас на 7 октомври.
