МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Средба Борел-Вучиќ во Минхен

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Приштина, како и усогласување со Заедничката надворешна и Безбедносна политика (ЗНБП) е клучна за европскиот пат на Србија.

– Се сретнав со претседателот на Србија на Минхенската безбедносна конференција, во пресрет на дијалогот на високо ниво на кој ќе бидам присутен на 27 февруари. Разговаравме за потребата да се продолжи со предлогот за нормализација на односите со Косово и важноста на усогласувањето на Белград со ЗНБП. Двете работи се клучни на патот на Србија кон ЕУ, напиша Борел на Твитер.

Српскиот претседател претходно на Инстаграм напиша дека во разговорот биле изнесени „силни замерки“ затоа што Белград не воведе санкции против Русија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial