МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Спектакуларна воена парада во Москва, Путин со честитка за Денот на победата

На почетокот од традиционалната воена парада во Москва претседателот на Русија Владимир Путин на граѓаните им го честиташе Денот над победата на фашизмот.

-Секогаш ќе паметиме дека величествената победа над нацизмот ја оствари советскиот народ, изјави Путин кој повика на едноминутно молчење за жртвите од војната.

Рускиот претседател во обраќањето посочи дека идеите кои потекнуваат од нацизмот повторно се појавуваат, притоа осудувајќи ги расистичките, антисемитските и русофобните изјави како и изјавите за нациолна супериорност.

Во најтешкото време на војната, во одлучувачките битки кои го одредија исходот од борбата против фашизмот, нашиот народ беше сам, сам на макотрпниот, херојски и пожртвуван пат до победата. Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси и дека нема прошка за оние кои смислуваат агресивни планови, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

На парадата на црвениот плоштад во Москва дефилираа 12 500 војници и 190 единици на безбедносните служби, 76 авиони и хеликоптери.

Прославата по повод 9 мај во Русија, со воени паради претставува момент на патриотското заедништво со кое се оддава почит за околу 20 милиони загинати за време на Втората светска војна. Освен во Москва паради денеска се одржаа во уште 27 руски градови

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial