Нова страница за информации

Спасовски бара од верниците за Велигден да седат дома

Технички премиер Спасовски апелираше до граѓаните да не се групираат и да оддржуваат социјална дистанца и за престојниот Велигден и ги повика гда прослават дома со најблиските, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на вирусот.-Јас упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот, велигденските празници сите заедно да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактикување на верата, заради тоа што тоа не може да се донесе, дури во ниту една состојба да се наоѓа државата, тоа е право кое што е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, имаме одлуки и на МПЦ, Светиот синод, имаме ставови на ИВЗ, што се однесува до почитувањето на мерките на Владата во однос на оддржуавњето на социјаланата дистанца, одговори премиерот на новинарско прашање за тоа дали ќе се затворат црквите за Велигден, поради најавите дека ќе има термини за причест.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial