МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Собранието ја почнува расправата за ребалансот

Денеска почнува расправата за ребалансот на буџетот. Со измените вкупните приходи се предвидени да изнесуваат 3,2 милијарди евра, а расходите 4,1 милијарди евра.

Со носењето на ребалансот ќе почне и реализацијата на мерките од четвртиот пакет помош за стопанството и граѓаните.

Предвидени се субвенции за плати во компаниите кои се погодени од кризата, ваучери за невработени, самохрани родители, пензионери, лица со ниски примања, поволни кредити за фирмите.

Новиот пакет мерки се очекува да им помогне на фирмите и граѓаните да се справат со последиците од пандемијата.

Расправата за ребалансот ќе трае 5 дена.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial