МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ: Колкава ќе биде цената на нафтата?

На пазарот на азискиот континент, нагло пораснаа цените на нафтата, што е директна последица од договорот на земјите на ОПЕК за намалување на производството на црното злато. Станува збор за договор според кој се намалува  прозиводството на нафта за 9,7 милиони барели дневно во мај и јуни, што е . најголемото намалување на производството во историјата, а главната цел е да се зголеми цената на нафтата.

Сепак, еден од првите луѓе на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Александар Дјуков, во денешното интервју за весникот „Комерсант“ вели дека сегашниот договор на ОПЕК да се намали произвоството на нафтата, нема да доведе до остар раст на цените, но според него, кон крајот на годинава цената на нафтата може да се движи меѓу 40 и 45 долари за барел.

-Сметаме дека вториот квартал од годинава ќе биде најтежок. Но, истовремено веруваме дека ќе бидат укинати мерките од страна на владите, по што ќе се реактивираат бизнис активностите. Веднаш по летото се очекува побарувачката на нафтата да биде на исто ниво како пред пандемијата, вели Дјуков

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial