МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

СЗО: Новиот коронавирус најверојатно потекнува од лилјаците

Тимот на Светска здравствена организација кој го истражува потеклото на COVID-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер see.

Тој додаде дека имало и видеоразговори со виролозите и научниците од Вухан.

Епидемиологот Мајк Рајан од СЗО вчера истакна дека се можни изненадувања.

– Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial