МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

СЕ ПРАВАТ СИТЕ НАПОРИ ЗА СКОПЈАНИ ДА НЕ СМРЗНУВААТ ОД ЈАНУАРИ – БЕГ, Регулаторна и Владата во мисија за набавка на гас

Се прават сите напори за скопјани да не смрзнат од стартот на идната година, какви што се појавија информации во јавноста, со оглед на тоа што се уште не е потврдено дека е обезбедена количина на гас потребна за загревање на домовите од следната година. 

Фактор ги праша во БЕГ дали има ризик потребните количини гас да не се обезбедат за од стартот на идната година и дали е можно на први јануари граѓаните на Скопје да се разбудат со студени радијатори, на што го добивме следниов одговор. 

„Балкан Енерџи Груп, Регулаторната Комисија за енергетика и Владата на Република Северна Македонија се максимално ангажирани за да се обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија кај потрошувачите приклучени на системот за централно греење до крајот на грејната сезона“, се вели во одговорот што го добивме од БЕГ.

Претходно од „Макпетрол“ за Фактор изјавија дека компанијата ги обезбедила потребните колични гас од „Гаспром“ за сите свои потрошувачи, компании кои со години ги снабдува со енергенсот, но потенцираа дека тие не се вклучени во процес на набавка, ниту претходно преговарале за било какви колични за ТЕ-ТО или за БЕГ. 

„Макпетрол“ го склучи договорот со руски „Гаспром“ за набава на гасот за домашни потрошувачи по цена за 30 отсто пониска од берзанската. Со овие количини ќе се снабдат повеќето компании во слободните зони, „Алкалоид“, топланите на ЕСМ, топланите на Скопје Север.

Како што веќе пишуваше Фактор, БЕГ од РКЕ бара зголемување на цената на парното за 300 отсто веќе од први јануари, а како причина за тоа го навеле стрмоглавиот раст на цените на овој енергенс на светските берзи.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial