МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Се одлага посетата на бугарскиот премиер Петков

Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје се одложува, пренесува БНТ повикувајќи се на информации од прес-центарот на Советот на министри. Како што се наведува во текстот, посетата не е откажана, туку се одлага, без да се прецизира за кога.

Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, со кого Петков имал комуникација, има коронавирус.

Премиерската функција во државата за време на изолацијата на Петков ќе ја преземе вицепремиерката, Калина Константинова.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial