МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Светскиот ден на милосрдието да продолжи да му носи светлина, будење, разбирање и разумност на човештвото

Денеска е Светски ден на милосрдието. Одбележувањето на овој ден, е подеднакво важно исто како и одбележувањата на останатите Меѓународни денови, кои му донесоа и му носат светлина, будење, разбирање и разумност на човештвото.  

  Не потсетуваат да помагаме, да се мобилизираме, а во исто време да им даваме поддршка и да им се заблагодариме на филантропите, компаниите, институциите, членовите на хуманитарните и волонтерските организации, и на сите добронамерни луѓе кои им помагаат на оние на кои им е најпотребна помош во животот. Благодарение на Меѓународните денови воспоставени од страна на Обединетите нации, човештвото ги надмина и ги надминува предрасудите, дознава нешто повеќе за маките со кои се соочува поединецот, без разлика на верската, етничката, политичката и друга припадност. Генералното собрание на Обединетите нации, како признание за огромните хумани дела на најпознатата скопјанка во светот, мисионерка и калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир, католичката светица Мајка Тереза, 5-ти септември, годишнината од нејзината смрт го прогласи за Меѓународен ден на милосрдието. Да бидеме хумани и солидарни, да подаваме рака секому, да не дозволуваме да страдаат луѓето и животните.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial