Самит на НАТО: Историски момент за Северна Македонија

Северна Македонија за првпат учествува како полноправна членка на Алијансата на Самитот на НАТО кој се одржува во Брисел.Северна Македонија за првпат учествува како полноправна членка на Алијансата на Самитот на НАТО кој започна во Брисел. Македонскиот премиер Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи се дел од делегацијата која што ја претставува земјата на самитот, кој се оценува како историски.Ова е историски момент, ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО“, порача Заев. Според него, членството во НАТО беше реализација на стратешката цел на земјата, но дополнително со членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.