МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

САД ја укинаа забраната за употреба на вакцината на „Џонсон и Џонсон“

САД ја укинаа забраната за користење на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ која беше воведена поради испитување на поврзаноста со случаите на згрутчување на крвта.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Агенцијата за храна и лекови (ФДА) соопштија дека се укинува забраната и вакцината може да продолжи да се користи од денеска (сабота), а промените кои ќе бидат направени е што на етикетата ќе се вметне предупредување за ризик од појава на тромб.

„Заклучивме дека придобивките од вакцината ’Џонсон и Џонсон‘ ги надминуваат потенцијалните ризици кај лицата над 18-годишна возраст. Уверени сме дека оваа вакцина ги исполнува нашите стандарди за безбедност, ефикасност и квалитет. Препорачување лицата пред вакцинација да се консултираат со својот лекар за тоа која е најсоодветна вакцина за нив“,

изјавија од ФДА.

Според медиумските извештаи, испитувањата покажуваат дека кај мажи не се забележани случаи на згрутчување на крвта, додека статистиката кај жените говори оти кај оние на возраст од 18 до 49 години има приближно 7 случаи на згрутчување на милион лица, а кај оние над 50 години има 0,9 случаи.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial