САД нема да им се приклучат на глобалните напори за вакцина против ковид-19
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да соработува во меѓународните напори за развој и дистрибуција на вакцина за ковид-19 затоа што не сака да биде ограничена од мултилатерални групи како Светската здравствена организација.
Одлуката на Соединетите државида одат сами, за првпат е објавена од „Вашингтон пост“ на 1 септември, а следи по одлуката на Белата куќа во почетокот на јули да се повлече од СЗО. Трамп тврди дека СЗО има потреба од реформи и е под силно влијание на Кина.
Повторните инфекции со коронавирус предизвикуваат загриженост за имунитетот
Некои земји работат директно на обезбедување на набавка на вакцини, но други ги здружуваат напорите да обезбедат успех против болеста која не познава географски граници.