Нова страница за информации

Русија ја одобри Спутник лајт, вакцина од една доза

Русија ја одобри за употреба Спутник лајт, еднодозна верзија на својата вакцина против ковид-19, соопшти денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), потег што може да помогне во снабдувањето со вакцини во земјите со високи стапки на инфекција.

Развиена од московскиот институт „Гамалеја“, вакцината, за која РДИФ соопшти дека е ефикасна 79,4% и чини под 10 долари за доза, е наменета за извоз и може да го зголеми бројот на лицата со делумен имунитет.

Една од нејзините главни потенцијални употреби е како вакцина што може да се испрати во земја каде што постои акутна епидемија, која треба брзо да се совлада.

„Вакцината Спутник лајт со единечна доза покажа ефикасност од 79,4% според анализираните податоци земени 28 дена по инјектирањето, како дел од руската програма за масовна вакцинација помеѓу 5 декември 2020 и 15 април 2021 година“, се вели во соопштението на РДИФ.

Клиничкото испитување во фаза III со вклучени 7.000 луѓе се одвивало во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Гана и други земји, соопшти РДИФ. Привремените резултати се очекуваат подоцна овој месец.

Според властите, околу 8 милиони Руси досега се целосно вакцинирани со главната Спутник V, која се состои од две дози.

Руските научници минатиот месец изјавија дека Спутник V е ефикасна 97,6% против ковид-19 во процената од „реалниот свет“ заснована на податоци од 3,8 милиони луѓе.

Европската агенција за лекови сè уште ја нема одобрено.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial