Русите побрзаа, вакцинација против корона веќе наесен
Русија наскоро ќе започне со голема акција на масовна вакцинација против коронавирус, а министерот за здравство, Михаил Мурашко, најавува употреба на вакцината во октомври, откако ќе заврши регистрацијата во август.
Рускиот министер за здравство објави дека земјата планира масовна кампања за вакцинирање за октомври, но едвај по клиничките испитувања врз наставниците и лекарите, кои се во прв ред.
Државната институција за истражување во Москва, Институтот Гамалеја, ги заврши клиничките испитувања на вакцината и веќе работи на нејзина регистрација, која е планирана за август.
Аналитичари: Руската вакцина пристигнува „прерано“
Министерот за здравство, Михаил Мурашко, истакна: „Планираме масовна вакцинација за октомври“.
Тој претходно го објави својот план прво да ги вакцинира наставниците и лекарите.
„Првата потенцијална вакцина против коронавирус во Русија треба да биде одобрена во август“, изјавиле анонимни извори за Ројтерс.
Сепак, некои експерти изразија загриженост дека Русија пребрзо се движи кога станува збор за развој на вакцини, без оглед дали е безбедна, само за да има највисока репутација во светот.
Фаучи: САД нема да ја користат руската вакцина
Експертот за заразни болести на САД, Ентони Фаучи вчера изјави дека е малку веројатно дека САД ќе користат вакцина што ја развиле Русија или Кина заради различни регулаторни системи.
Тој на сослушувањето во Конгрес посочи: „Се надевам дека Кинезите и Русите ќе ја тестираат вакцината пред да започнат да ја вбризгуваат во луѓето. Тврдењата дека имате вакцина подготвена за дистрибуција пред да направите тестирање се доста проблематични“.