Нова страница за информации

Рама со критики за ЕУ поради вакцините и најави имунизација на здравствените работници на почетокот од следната година

Aлбанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше ЕУ за дистрибуција на вакцини против коронавирусот, велејќи дека Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат резерви на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.

Тој на прес-конференција изјави дека ЕУ донела „несреќна одлука“ да достави таканаречени „вишок вакцини“ за Западен Балкан.

 За жал вакцината е повеќе од каква било дипломатија, лични односи, пријателства, контакти. Голема војна се одвива во позадината на набавките, рече Рама.

Попладнево шефот на албанската Влада придружуван од министерката за здравство Огерта Манастирлиу, при посетата на Инфективната клинка по повод Божик, сепак најави дека Владата е при крај на склучување договор со некои компании за вакцината и оти здравствените работници ќе бидат први вакцинирани.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial