МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Рама- Вучиќ да ја осуди изјавата на Вулин

Албанскиот премиер Еди Рама преку статус на Твитер ја коментираше изјавата на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, за „Голема Албанија“ и за обединување на Србите, повикувајќи го претседателот на Србија, Александар Вучиќ недвосмислено да ја осуди истата.

Изјавата на Вулин следуваше по заедничката седница на владите на Албанија и Косово што се одржа во Тирана каде Рама изјави дека пристаништето Драч ќе биде и косовско. Според Вулин, Рама продолжува со напорите за создавање на „Голема Албанија, дека Албанците , можат да се обединат и да заземаат територии на други луѓе, додека Србите не можат да се обединат ниту на нивната земја“.

„Дали е ова вистина или e во прашање шега со која се исмејуваат испрани мозоци кои со векови го држеа целиот регион во мрак. Јас многу посакувам да биде шега, во спротивно тоа би бил очаен приказ на мизерно размислување што треба недвосмислено да го осудите“, напиша Рама на Твитер.

Вулин ден претходно рече дека Европската Унија, како и секогаш досега, ќе „молчи“ и дека „нема да преземе ништо“. „Така се повторува лагата дека „голема Албанија е природна Албанија“, а дека Србите обединети во една држава се закана за мирот“, рече Вулин.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial