Рама: Балканскиот „мини Шенген“ не е план Б за Западниот Балкан
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во едиториал за „Euractiv”, пишува дека идејата за регионален Шенген помеѓу шесте земји од Западен Балкан, базиран на четирите слободи на ЕУ, не е замена, туку најдобриот начин за подготовка за интеграција во ЕУ.
Според него на Европската Унија не и е потребно само стабилност во Западниот Балкан туку и помирување.
– Сите ја делиме целта за европска интеграција и најдобриот начин за да идеме напред е активно да се подготвиме за тоа, преку отворање на нашите економии и граници, на еден начин директно инспирирано од основните принципи што стојат зад европскиот проект. Подобрата поврзаност на Западниот Балкан, ќе се интегрира побрзо и по успешно во ЕУ. Додека се подготвувам за конференцијата идната недела, имам надеж дека оваа година ќе донесе напредок за Албанија во патот кон ЕУ-, пишува Рама.