Нова страница за информации

Путин за вакцинирањето пред камери: „Не треба да се мајмунисуваме“

Russia President Vladimir Putin chairs a video meeting of the Pobeda (Victory) organising committee at the Novo-Ogaryovo state residence outside Moscow on July 2, 2020, as he thanked Russians today after a nationwide vote approved controversial constitutional reforms that allow him to extend his rule until 2036. (Photo by Alexei Druzhinin / Sputnik / AFP) (Photo by ALEXEI DRUZHININ/Sputnik/AFP via Getty Images)

Рускиот претседател Владимир Путин објасни зошто не го следел примерот на некои светски лидери и не се вакцинирал против коронавирусот во јавноста.

„Зарем треба да се мајмунисуваме? Задолжително да го правиме она што некој друг го прави некаде? Не би рекол“, рече Путин во интервју за телевизијата Русија 1, одговарајќи на прашањето зошто нема снимка од неговата вакцинација, иако многу лидери на земјите организираа нешто што многу личеше на фото- и видеосесии за време на вакцинацијата.

„Не треба да се мајмунисуваме, ако некој сака да лажира, не е тешко да се направи тоа со прикажување на вакцинацијата пред камера“, додаде тој.

„На крајот на краиштата, ако на такво ниво некој сака нешто таму да фалсификува, да измами некого, не е тешко да се стори тоа. Може да ја покажете оваа инјекција, а всушност да вбризгате солен раствор или што било друго, кефир, сок од портокал… Се шегувам, се разбира, просто витамини. Но, според мене, тоа не е сериозно“, додаде рускиот претседател.

Рускиот лидер оваа недела беше вакциниран против коронавирусот. Засега е непознато која од трите руски вакцини ја примил.

Путин за телевизијата изјави дека немал температура по вакцинирањето, но „следниот ден бил малку скршен“ и го болело местото на убодот.

„Првите 5 часа, навистина ништо, а потоа кога некако ја кренав раката… ја примив во левата рака, не чувствував болка, не, само малку непријатност. Ако го притиснам тоа место сега, сè уште се чувствувам малку. И тоа се несаканите ефекти“, рече шефот на државата.

Тој додаде дека, за секој случај, ставил термометар на масичката кога легнал, а кога станал наутро и ја измерил температурата, таа била нормална.

Рускиот претседател рече дека намерно не кажува со која од трите руски вакцини против коронавирусот е вакциниран и дека тоа го знае само неговиот лекар.

„Со една од нашите три вакцини. Ги замолив колегите да не зборуваат за тоа, всушност, не им ни кажувам, тие дури и не знаат. Само мојот лекар, кој ми ја даде вакцината, знае“, објасни Путин.

Рускиот лидер истакна дека сите три руски вакцини се на ниво на најдобрите светски модели и во моментов се најдобри, како и дека е потребно секоја личност да донесе ваква одлука за себе, да разговара со лекар, специјалист.

„Нашите вакцини, ова уверено го кажувам, се најдобри според сите три главни индикатори“, додаде Путин.

Тој објасни дека сите три руски вакцини против коронавирусот се со приближно ист квалитет, едната трае малку подолго, едната има малку пониско ниво на заштита, но е помека.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial